Националниот координатор Павле Трајанов на состанок во Брисел со претставници на ЕУ и ОН

Националниот координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи, Павле Трајанов,  учествуваше на првиот заеднички состанок на експертите за превенција од катастрофи и националните Сендаи фокус точки, кој се одржа во Брисел од 23-24 септември 2019 година.


На состанокот присуствуваа претставници од сите земји членки на Европската Унија, како и делегација од Обединетите Нации. На конференцијата се расправаше за националните стратегии за намалување на ризици од катастрофи, како и националните искуства на земjите од западна Европа и државите од регионот.


На состанокот главни теми беа: Дали постои национална стратегија за намалување на ризици  од катастрофи во државите учеснички и дали се имплементирани постоечките ЕУ документи и процеси (e.g. Risk Assessments, Flood Risk Management Plans, National Adaptation Strategies); какви предизвици постојат при имплеметирање и дополнително унапредување на национална стратегија за намалување на ризици од катастрофи во земјите кои се потписници на рамката од Сендаи; како се координираат различните институции и како тие придонесуваат за намалување на ризикот од катастрофи; кои се предизвиците и можностите за засилување на постоечките правни рамки за намалување на ризикот од катастрофи; дали се користи постоечката правна рамка на Европската Унија за да се имплементира рамката од Сендаи и како рамката од Сендаи може да им помогне на прoцесите на Европската Унија; дали е потребна дополнителна подршка од Европската Унија и Обединетите Нации за подобро да се имплементира рамката од Сендаи итн.


Националниот координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи, Павле Трајанов, ги информираше претставниците на Обединетите Нации, Канцеларија за намалување на ризици од катастрофи и Европската Унија за тоа дека Владата на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 03.09.2019 година, усвои Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи, како и тоа дека е формирана меѓуресорска група која работи на законски решенијасо со кои ке се заокружат реформите и ке се создадат битните предуслови за зголемување на функционалноста, ефикасноста и ефективноста на системот со управување со кризи, заштита и спасување.


Националниот координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи, Павле Трајанов информираше дека од страна на Владата на Република Северна Македонија се преземаат координирани активности за имплементација на Рамката од Сендаи, како и Парискиот договор за климатски промени.


Националниот координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи, Павле Трајанов оствари средба со претставникот на Обединетите Нации одговорен за имплементација на Рамката од Сендаи при што иницира Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Северна Македонија, да биде презентирана на една од следните конференции.


Националниот координатор Павле Трајанов оствари и повеќе неформални средби со преставници од повеќе држави меѓу кои Грција, Латвија, Норвешка, Белгија и други.