Трибина „Национална платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Северна Македонија”

19 јули, 2019

ПОКАНА

Трибина „Национална платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Северна Македонија”

 

Почитувани,    

Националниот координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Северна Македонија, Ве поканува на трибина на тема „Национална платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Северна Македонија“.

Трибината ќе се одржи на 29.07.2019 година (понеделник) со почеток во 10 часот, во Свечената сала на Владата на Република Северна Македонија, на која поздравно обраќање ќе има г. Павле Трајанов, национален координатор, а воведни излагања ќе имаат: г. Оливер Спасовски, заменик на претседателот на Владата и министер за внатрешни работи; проф. д-р Влатко Шешов, директор на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија;  проф. д-р Марјан Ѓуровски од Универзитет „Св. Климент Охридски“- Битола - Факултет за безбедност; д-р Тони Петрески,  раководител на Сектор за цивилно - воена соработка, Министерство за одбрана; професор од Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје - Филизофски факултет - Институт за бeзбедност, одбрана и мир (не е потврдено) и г. Влатко Јовановски, шеф на Секретаријатот на DPPI SEE.


Целта на трибината е актуелизирање на темите кои се обработени во Платформата, преку вклучување на истражувачи и професионалци кои работат во оваа област, да се зајакне институционалната соработка, дефинираат правците за реформирање на системот за кризи, заштита и спасување, да се подигне општата свест за процесите кои се поврзани со ризиците од катастрофи и сл.

Мислењата, сугестиите и предлозите по однос на трибината и Националната платформа можете да ги доставите на Елена Зарковска, е-пошта: elena.zarkovska@gs.gov.mk или на Верица Филиповска, е-пошта: verica.filipovska@gs.gov.mk 


Со почит, 
Национален координатор 
Павле Трајанов

________________________

 

АГЕНДА

Трибина „Национална  платформа за намалување на ризици од

несреќи и катастрофи на

Република Северна Македонија”

 

Скопје, 29 јули 2019

Свечена сала

Влада на Република Северна Македонија

09: 30 – 10:00    Регистрација

 

10:00 – 10:10   Поздравно обраќање г. Павле Трајанов, национален координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Северна Македонија

10: 10 – 11:10     Воведни излагања

-    г. Оливер Спасовски, заменик на Претседателот на Владата на РСМ и министер за внатрешни работи

-    проф. д-р Влатко Шешов, дирекор на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија 

-    проф. д-р Марјан Ѓуровски, Универзитет „Св. Климент Охридски“- Битола, Факултет за безбедност- Скопје

-    д-р Тони Петрески,  раководител на Сектор за цивилно - воена соработка, Министерство за одбрана

-    професор од  Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје - Филизофски факултет - Институт за бeзбедност, одбрана и мир (не е потврдено)

-    г. Влатко Јовановски, шеф на Секретаријатот на DPPI SEE

11:10 – 11:25    Кафе пауза

11:25 – 12:10    Дискусија и завршни зборови