Павле Трајанов на Експретските консултации во Женева со заложби за поефикасно спроведување на стратегиите

На 13-14 март 2018 година во Женева се одржаа Глобални експертски консултации во врска со Стратегијата за имплементација на Рамката за намалување на ризиците од катастрофи донесена во Сендаи, Јапонија во 2015 година, на кои учествуваше и Павле Трајанов, Национален координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Македонија.

Работата на Конференцијата се одвиваше на пленарни седници и во работни групи.

На пленарната седница, свое обраќање имаа:

  • Криси Мади, директор на УНИСДР, која даде вовед на настанот, ги постави целите и очекувањата
  • Рикардо Мена, кој зборуваше за развој на капацитети за имплементација на Рамката за акција Сендаи кои ќе прозилезат како резултат од консулатциите
  • Санјаја Батиа, кој го презентираше нулта драфтот на Глобалната стратегијата за развој на капацитети и механизмите за имплементација на Рамката за акција Сендаи

 

 

Павле Трајанов беше активно вклучен во работата на пленарните седници и работните групи, каде во дискусиите се заложи за:

  1. Во Стратегијата да се вметне дел за информирање на граѓаните за ризиците од несреќи и катастрофи преку креирање на посебни кампањи кои ќе се презентираат преку средствата за јавно информирање а особено преку социјалните медиуми.
  2. Во Рамката за акција Сендаи како и во Глобалната стратегија за развој на капацитетите да се предложат конкретни мерки и активности кои треба да се спроведат за да се постигнат глобалните цели и очекувања и да се имплементира Рамката, со спецификии за секој регион и држава пооделно.
  3. Потребно е во рамките на УНИСДР да се формираат тимови кои ќе даваат стручна експертска помош на надлежните институции од земјите кои се бават со прашања за намалување на ризици од несреќи и катастрофи и ќе помогнат во јакнење на институционалните капацитети за имплементација на Рамката.

Инаку на конференцијата детално се расправаше како и на кој начин да се мотивираат државите да се имплементира Рамката за акција Сендаи, посебно од страна на државите кои се загрозени од можни катастрофи, се со цел да се гради систем за превенција и да се намалат можните последици.

Република Македонија како членка на ООН има обврска да ја имплементира Рамката за акција Сендаи и да ги вгради главните определби во Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи.

Во оваа насока, при подготовката на насоките за реформи на системот за кризи, треба да се вградат и некои од клучните приоритети содржани во Рамката за акција Сендаи, како и сугестиите од Глобалните експертски консултации, кои треба наскоро да бидат усвоени од страна на соодветните органи на ООН.

Инаку, Глобланите експерски консултации беа во организација на Канцеларијата на Обединети нации за намалување на ризици од катастрофи, со седиште во Женева.