Павле Трајанов на експертски консултации во Женева

 

Павле Трајанов, Национален координатор за намалување на ризици од несреќи и катастрофи, на 14 и 15 март 2018 година, ќе учествува на Глобаните експертски консултации во врска со Стратегијата за имплементација на Рамката за намалување на ризиците од катастрофи донесена во Сендаи, Јапонија 2015 година.

Оваа експертска расправа се одвива во организација на Обидинетите нациии - Канцеларија за намалување на ризиците од катастрофи, во Женева, каде главен акцент се става на превенцајата, намалување на ризиците и последиците од катастрофи.

 

За имплементација на Сендаи Рамката за намалување на ризиците од катастрофи, државите членки на ООН, имат обрска со национални програми да разработат и обезбедат стратегии и механизми за да ги намалат ризиците и пследиците од катстрофи, при што посебно се нагласува потребата од соработка на регионално ниво.

На овие експертски консултации ќе се подготват Глобални капацитети за развој на стратегија за поддршка и имплементација на Сендаи рамката за намалување на ризиците од катастрофи.