Учество на Европскиот форум за намалување на ризици од несреќи и катастрофи

Хелсинки, 3 октомври 2016 година

Националниот координатор за намалување на ризици од несреќи и катастрофи, Живко Јанкулоски, во периодот од 3 до 5 октомври 2016 година, учествува на Европскиот форум за намалување на ризици од несреќи и катастрофи, кој се одржува во Хелсинки – Финска.

 

 

Во рамките на европскиот форум, националниот координатор за намалување на ризици од несреќи и катастрофи, зема активно учество со свое излагање на тема „Имплементација на Рамката за акција од Сендаи 2015-2030, во Република Македонија“, при што ги истакна спроведените како и следните активности во насока на имплементација на Рамката за акција од Сендаи во Република Македонија, во рамките на своето излагање Националниот координатор информираше за поплавите кои го зафатија Скопје, и начинот на справување и менаџирање со кризата на надлежните институции во Република Македонија.