Известување

Париз, 7 октомври 2015 година

 

Националниот координатор за намалување на ризици од несреќи и катастрофи , Живко Јанкулоски во периодот од 7 до 9 октомври учествува на европскиот форум за намалување на ризици од несреќи и катастрофи, кој што се одржува во Париз-Франција.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во рамките на конференцијата, националниот координатор за намалување на ризици од несреќи и катастрофи, зема активно учество со свое излагање на тема Рамката за акција од Сендаи Јапонија, имплементација и следни чекори  во Република Македонија, но ги истакна следните активности за имплементација на рамката за акција во Република Македонија, при што преку национални и локални стратегии за намалување на ризици од несреќи и катастрофи , ќе се намали  бројот на луѓе кои се погодени од несреќи како и економските загуби од истите, со што ќе се постигне ефикасен менаџмент во намалувањето на ризици од несреќи и катастрофи во Република Македонија.

 

Во рамките на конференцијата, националниот координатор оствари средба со Маргарет Волстром , специјален претставник на генералниот секретар на ОН за намалување на ризици од несреќи и катастрофи и Паола Албирто, шеф на регионалната канцеларија за намалување на ризици и катастрофи за Европа. На средбата беа разменети мислења за намалувањето на ризици од несреќи и катастрофи во Република Македонија и беше изразена желба за понатамошна соработка со цел унапредување на Република Македонија во областа на намалување на ризици од несреќи и катастрофи.