Остварена посета на прифатниот центар за мигранти

Средба на Националниот координатор за намалување на ризици од несреќи и катастрофи д-р Живко Јанкулоски со г-дин Иван Франгов, градоначалник на општина Гевгелија и остварена посета на прифатниот центар за мигранти

Петок,4 септември2015

 

Националниот координатор  за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Македонија, д-р Живко Јанкулоски заедно со директорката на Центарот за управување со кризи м-р Сузана Салиу, оствари средба со градоначалникот на општина Гевгелија г-дин Иван Франгов,  како и посета на прифатниот центар  во кој се сместени мигрантите.

На средбата беа разменети мислења и информации за актуелната состојба во Република Македонија во однос на мигрантската криза,  вкупниот број на мигранти кои транзитираат низ државата, како и во однос на потешкотиите со кои се соочува општина Гевгелија при справување со кризата, притоа националниот координатор ја изрази својата поддршка и истакна дека како и досега така и понатаму  ќе се даде максимален придонес од страна  на Владата со  цел справување со кризата преку спроведувањето на сите  донесени заклучоци .

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Националниот координатор веднаш по посетата на прифатниот центар за мигранти, го изрази своето задоволство поради ефикасното искористување на расположливите ресурси и капацитети како на надлежните институции, така и на невладините  и хуманитарните организации, кои и покрај високите температури кои во овој период дополнително ја усложнуваат ситуацијата сепак остануваат на терен,  каде се пружааат  основни здравствени услуги, се врши регистрација и вадење на документација, се со цел да се олесни транзитот на мигрантите   низ земјава.

Исто така Националниот координатор потенцираше дека проблемот со мигрантите не е само проблем на Република Македонија, туку станува збор за глобален проблем кој има потреба од итни мерки и решенија на светско ниво и бара пред се заеднички пристап и мултиратерална соработка, бидејќи патот кои го поминуваат бегалците без пари и документација е тежок и најмалку што може да се направи е колку е можно повеќе нивниот пат да се олесни.