Средба со г. Ѓорге Иванов, Претседател на Република Македонија

Петок, 17 Април 2015 

 

Националниот координатор за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Македонија д-р Живко Јанкуловски оствари средба со Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов.

 


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На средбата беа разменети мислења и информации за надлежностите на националниот координатор во насока на намалувањето и справувањето со ризиците од катастрофи, преку ефикасно искористување на расположливите ресурси и капацитети на надлежните институции. Зборувајќи и за последиците од неодамнешните поплави коишто ја зафатија Република Македонија, беше истакната потребата од подобрена локална, регионална и национална координација на надлежните институции, за поефективен пристап кон намалувањето на ризиците и последиците од непогоди и катастрофи, преку превенција и рано предупредување.