Институционализација на Националната платформа – календар: датуми и настани

 

21.04.2009 – доставена информација до ВРМ за воспоставена Национална платформа (НП) и НП официјализирана од страна на ВРМ на 63-тата седница (информација од ЦУК до ВРМ бр 01-1085/4 од 21.04.2009 и записник од 63-тата седница на ВРМ, бр. 19-1491/1 од 22.04.2009)

Read more

 

30.04.2009 – МНР ги информира предметно надлежните структури при ООН дека Република Македонија воспостави Национална платформа за намалување на ризици од катстрофи (бр. 59-3572/1, бр. 59-3572/2 и бр. 59-3572/3)

Read more

 

09.06.2009 – ВРМ ја разгледа и ја усвои информацијата за формирање раководни структури и кординативни совети на НП (77-ма седница на ВРМ, 09.06.2009, записник бр. 19-1927/1). Како управувачко тело е определен Управувачкиот комитет (УК) во проширен состав (со кој раководи министер определен од ВРМ), надлежен да дава насоки според кои се развива НП, да го верификува постигнатото и да упатува на решенија со системски реперкусии. Во надлежност на УК се две тела, Совет на државни секретари и Инспекциски совет. Центарот за управување со кризи определен како орган на државна управа што дава административно-стручна и административно-техничка подршка.

Read more

 

01.07.2009 – одржана Прва седница на УК во проширен состав како управувачко тело на НП. согласно заклучокот од 77-мата седница на ВРМ

- 28.07.2009 – формиран Советот на државни секретари во рамките на НП, согласно заклучокот на УК во проширен состав од 01.07.2009

- 30.07.2009 – формиран Инспекцискиот совет во рамките на НП, согласно заклучокот од 77-мата седница на ВРМ

Read more

 

19.11.2009 – УК ја врши првата ревизија на НП, два месеци порано од предвидениот термин за јануари 2010. Следната ревизија (според потреба) закажана за јануари 2011.

Read more

 

27.04.2010 – ВРМ, на 155-тата седница, именува Национален координатор (НК) за имплементација на НП. (бр. 51-17/155)

Read more

 

28.12.2010 – ВРМ, на 120-тата седница, прифатена Информација за работењето на Нациналниот координатор за имплементација на НП, каде воедно се упатува и на надлежностите на НК за имплементација на НП

Read more

 

15.02.2011 – ВРМ, на 214-тата седница (нацрт-записник, бр 51-36/1, точка 3), го определува НК за имплементација на НП (д-р Панде Лазаревски), во име на ВРМ, да биде лице за контакт со Рамката за акција од Хјого, го задолжува МНР за спроведување на потребната дипломстска процедура со која ке ги извести предметно надлежните структури на ООН во врска со претходното, и донесува заклучоци во врска со одржувањето во РМ (под македонско претседателство) на Втората сесија на Европскиот форум за намалување на ризици од катастрофи (планирана и реализирана во октомври истата година)

Read more

 

25.03.2011 – Постојаната мисија на Република Македонија при Организацијата на обединетите нации во Женева до Секретаријатот на UNISDR доставува официјален допис (No. 16-01-22/1) со кој информира дека Националниот координатор за имплементација на НП (д-р Панде Лазаревски) е “National Focal Point for the Implementation of the HFA”

Read more

 

12.05.2012 – ВРМ, на 61-та седница ја разгледа и ја усвои информацијата од Националниот координатор до ВРМ за активностите на Националната координација за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи, со годишен извештај за 2011 и планска рамка за 2012 година, во која, во точка 9, се задолжува Националниот координатор да спроведе (редовна) постапка за ревизија на Националната платформа (информација од Националниот координатор до ВРМ од 31.03.2012, и записник (т.10) од 61-та седница на ВРМ одржана на 12.05.2012, бр. 41-2900/1)

Read more

 

15.08.2012 – Министерството за надворешни работи, со допис бр. 73-4877/3 ја задолжува Постојаната мисија на Република Македонија при Организацијата на обединетите нации во Женева да го извести Секретаријатот на UNISDR дека лице за контакт во однос на активностите на Република Македонија во рамките на UNISDR останува  д-р Панде Лазаревски.

Read more

 

21.08.2012 – Постојаната мисија на Република Македонија при Организацијата на обединетите нации во Женева до Секретаријатот на UNISDR доставува официјален допис (No. 16-01-450/4) со кој информира дека д-р Панде Лазаревски останува “National Focal Point” во однос на активностите на РМ во врска со UNISDR.

Read more