Работна конференција “Намалување на ризици од катастрофи во Југоисточна Европа“

Рим, Италија / 07-10/03/2011

Во организација на Стратегијата на ОН за намалување на ризици од катастрофи и Италијанската државна агенција за цивилна заштита се одржа тридневна конференција на тема “Намалување на ризици од катастрофи во Југоисточна Европа“ во Рим, Италија.

Конференцијата беше поддржана и од Светска банка, Советот на Европа, и Европската комисија.

 

Република Македонија во својство на претседавач со Европскиот форум за намалување на ризици од катастрофи беше присутна на конференцијата и имаше своја презентација на активностите во име на Европскиот форум, но и во име на Националната координација за намалување на ризици од катастрофи при Владата на Република Македонија.

 

Презентацијата ја подготви и изврши Љупчо Ристовски, државен советник во ГС/ВРМ. Истата е објавена во оригинал на следниов линк: http://preventionweb.net/english/professional/trainingsevents/events/v.php?id=18408   во делот: Documentation

Во текот на конференцијата беа остварени средби со бројни учесници и во непосредна комуникација беше претставен националниот систем за намалување на ризици од катастрофи на Република Македонија. Голем дел од државите кои се уште немаат подготвени Национални платформи за намалување на ризици од катастрофи се интересираа за македонскиот модел, кој се смета за еден од референтните модели во Европски рамки.

 

Истовремено, со претставниците на Стратегијата на ОН за намалување на ризици  од катастрофи беа разменети најнови информации околу текот на подготовоките за организација на редовната годишна конференција на Европскиот форум 2011, во Скопје, во месец октомври.

На самата конференција беа презентирани и конкретни проекти од различни држави, кои претставуваат искуство плус во насока кон унапредување на македонскиот модел за намалување на ризици од катастрофи.

 

Европската комисија, Директоратот за проширување презентираше повеќе опции за финансирање на проекти во областа на намалување на ризици од катастрофи и адаптација на климатските промени.

Посебен дел од Конференцијата беше посветен на делот на Ре-осигурувањето и високиот претставник на Светска банка ги претстави проектите поврзани со формирањето на посебна компанија за ре-осигурување во Швајцарија, активност во која директно и непосредно е вклучена и Република Македонија преку Министерството за финансии.

 

Република Македонија навреме ги подготви последните промени кои се надградба на постојниот извештај за активностите од рамката за Хјого 2015, односно надградбата на прогрес извештајот за периодот 2009-2011 година. Истиот може да се превземе на следниот линк:

http://www.preventionweb.net/files/18382_mkd_NationalHFAprogress_2009-11.pdf

 

Во текот на конференцијата беше лансиран и последниот Преглед на среден рок, на активностите од Хјого 2015.